Фудбалската федерација на Италија потврди дека клубовите во Серија А ќе имаат право на 5 измени до крајот на оваа сезона која наскоро треба да продолжи. Ова доаѓа по барањето на клубовите поради долгиот прекин поради Ковид-19 и секако формата во која се играчите.

По неколку дневни преговори и анализирање на пропозициите кои се овозможени и од УЕФА, одлучено е дека со цел да се заштити здравјето на фудбалерите, клубовите имаат право да користат по пет измени на еден натпревар. Ова е конечната одлука на натпреварувачката комисија при Серија А.

Клубовите сепак ќе мора да внимаваат да не направат повеќе од три прекини за време на натпреварот поради измени. Се очекува една од замените да ги прават за време на паузата меѓу двете полувремиња.

Сезоната во Серија А треба да продолжи на 20 јуни, предходно ќе продолжат и натпреварите од националниот Куп.