Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, многу лесно може да се случи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Според информацијата на Mundo Deportivo, за него се заинтересирани двата гиганта од Манчестер, Јунајтед и Сити.

Истиот извор тврди дека Атлетико со сите сили се обидува да го продолжи договор со шпанскиот репрезентативец, но засега сите обиди се безуспешни.

Атлетико сака да го потпише до 2026 година и веднаш да му ја зголеми откупната клаузула до 150 милиони евра.