Во Премиер лигата можна е измена на правилота за фиксирање на офсајдот со помош на ВАР технологијата.

Според пишувањето на The Times, клубовите бараат да не се суди офсајд при минимално растојание меѓу фудбалерите, поточно бараат толеранција од 10 см.

Шефот на англиските судии, Мајк Рајли, изјави дека при таква толеранција 9 од поништените 25 гола во оваа сезона ќе беа признаени.

ВАР системот прв пат се користи оваа сезона и е многу критикуван, бидејќи ја убива играта и ги продолжува натпреварите.