Според информациите на Dailymail.co.uk, клубовите од Премиер лигата сметаат дека раководството на лигата мора да го казни Манчестер Сити за нарушувањето на финансискиот фер-плеј. Некои од клубовите дури сметаат дека УЕФА им додели мека казна на „Граѓаните“.

Клубовите од Премиер лигата го обвинуваат Манчестер Сити дека поради неговото делување дојде до инфлација кај трансферите и договорите сега се многу поскапи.

Но, истовремено клубовите се против исклучувањето на Сити од Премиер лигата, затоа што тоа ќе ја претвори Премиер лигата во циркус.