Англиската Премиер лига свика итен состанок на кој одлучи привремено да ги прекине спонзорските договори со компании кои можат да се поврзат со сопствениците на клубовите.

Конечниот резултат од гласањето беше: 18 гласови „за“, еден против (Њукасл) и еден воздржан (Манчестер Сити), што не е изненадувачки бидејќи самите „Граѓани“ се во сопственост на богати Арапи.

Англиските клубови веруваат дека новите сопственици на Њукасл, од Саудиска Арабија, планирале да вбризгаат пари во клубот преку договори со нафтени компании од таа земја. Тоа ќе му даде предност на Њукасл во борбата на фудбалскиот пазар.

Според правилата на англиската Премиер лига, играчите од Премиер лигата може да имаат загуби до максимум 105 милиони фунти во период од три години.

„ Ако не го воведевме ова правило, ништо не можеше да го спречи Њукасл да го продаде името на стадионот за 100 милиони фунти на компанија од Саудиска Арабија, а потоа да ги искористи тие пари во јануари за да донесе играчи. Тоа би ги заобиколило нашите правила за финансиски фер -плеј “, рече еден претставник на Премиер лигата за англиските медиуми.