Многуте критики на клубовите за селективно користење на ВАР технологијата од страна на судиите стана тема во фудбалската федерација на Италија.

Во врска со тоа, федерацијата е подготвена да им даде право на клубовите да бараат вонредно видеоповторување на средбите во ситуации кога сметаат дека се оштетени, а тоа не го побара судијата. Секоја од екипите ќе има право по еднаш да бараат видеоконтрола на секоја средба.

Конечното решение ќе биде донесено на крајот на февруари на заседанието на IFAB, орган кој се занимава со регулирањето на фудбалските правила.