Фудбалските клубови од Европа и светот ова лето потрошиле 1.9 милијарди евра помалку за меѓународни трансфери споредено со претходното, покажува најновото истражување на ФИФА.

Пандемијата на коронавирус предизвика продолжување на трансфер периодот од пет недели, заклучно со 5 октомври, но, исто така, нанесе голем удар на клубовите.

Овој трансфер период, клубовите за нови играчи потрошиле 3.92 милијарди евра, споредено со претходната година кога за тансфери биле потрошени 5.8 милијарди евра.

Од 2010 година, клубовите се обврзани да ги споделуваат со ФИФА финансиските детаљи од сите свои трансфери.