Неочекувавме многу но не ни помислувавме дека на стартот од овој квалификациски циклус на клупски план сите наши тимови претставници во натпреварите во организација на УЕФА ќе бидат елиминирани. Среќна околност е што Шкендија од Лигата на шампионите продолжува во Европа лигата.

Шампионот на Македонија, Шкендија се „лизна“ уште на стартот во квалфикациите од ЛШ, Номе Калју беше пречка која мораше да се пројде, пропадна спектаклот со славниот Селтик. Тетовчани постигнаа 2 гола, примија 2, но примените голови дома значеа елиминација, неважна беше победата на првата средба  во Естонија, поразот во Скопје избриша се.

Дебитантот, Академија Пандев  не успеа ни да постигне гол за 180 минути против Зрињски, два порази од 3-0, дома и на гости го покажа неискуството и недоволниот квалитет на тимот да биде конкурентен во Европа.

Македонија Ѓ.П. како и тимот од Струмица, запиша два порази , прими 6 гола, постигна барем еден почесен, и очекувано ги заврши настапите. Потврди дека немаме капацитет за повеќе.

Шкупи најави подолг престој во Европа лигата а заврши по првите два меча, беше нашиот најефикасен клуб со четири постигнати голови, но без победа не се оди во второто коло.

Македонските екипи вкупно на осум меча, запишаа една победа (Шкендија) еден нерешен меч (Шкупи) и шест порази, прмија заедно 19 голови, постигна 7, премалку за август да биде месец на фудбалот.

Останува Шкендија да го брани клупскиот рејтинг на Македонија во продолжението од квалификациите за Европа лигата.