Како што објави денеска европската куќа на фудбалот УЕФА, КМФ Шкупи ќе биде домаќин на прелиминарен турнир во квалификациите во Лигата на Шампионите во футсал.

Тој турнир ќе се одржи од 27 август до 1 септември, а место на одржување ќе биде салата во Кале.

Со кого ќе играат Чаирчани ќе дознаат на 4 јули кога во Нион ќе се одржи ждрепката за оваа фаза во квалификациите во Лигата на Шампионите.