ФФМ постигна договор со регионалниот канал Аренаспорт за емитување на преноси од Првата фудбалска лига на Македонија, со тоа македонскиот фудбал ќе се гледа на територија од 15 милиони гледачи.

Клубовите од Првата лига не го кријат задоволството од ваквиот успешен потег на федерацијата. Благоја Кочевски, техничкиот директор на Македонија Ѓ.П.  која не’ претставува во Европа Лигата силно го поздравува , ова е историски момент за нашиот фудбал.

„Го поддржавме овој договор на ФФМ и Аренаспорт, сметаме дека е од огромна корист за сите клубови во Првата лига, ова е на некој начин историски момент за сите нас, никогаш досега клубовите од ПМФЛ не добивале финасиски средства за ТВ права, покрај ова, нашите играчи ќе бидат гледани од милиони гледачи и тоа ќе донесе поголема мотивација за сите да го унапредуваме нашиот фудбал“ – изјави Кочевски за Дриблинг.мк.

Македонската Прва лига за прв пат ќе се следи на регионален спортски канал, воедно натпреварите нашите љубители на домашниот фудбал ќе можат да ги гледаат и на националниот сервис МТВ.