Италијанската фудбалска федерација објави дека е можно сезоната да се заврши кон крајот на мај во зависност од развојот на ситуацијата со Коронавирусот, предлогот е плеј-оф за титулата и плеј-аут за опстанокот.

Доколку се потврди оваа опција, тогаш во плеј-офот за титулата ќе играат:

Јувентус – Аталанта

Лацио -Интер

Во борбата за опстанокот двојките би биле:

Џенова -Бреша

Лече -Спал

Не познато дали би се играле две средби или турнирски ситем по еден натпревар, и каде би се играле натпреварите.

Ситуацијата со Серија А е комплицирана кога е календарот во прашање, до 3 април нема фудбал, потоа е неизвесно како ќе се продолжи и со кој ритам.