Милан официјално го отпушти Марко Џампаоло, на негово место утре официјално ќе биде назначен Стефано Пиоли роден во Парма.

Пиоли има 53 години, Милан ќе биде негов 13. клуб во кариерата, беше дел од три големи гиганти на фудбалот во Италија.

Резултатите на Пиоли како тренер не се импозантни, започна со Салернитана 2003 година и продолжи со Модена. Потоа селдуваа, Парма, Гросето, Пјаченца, Сасуоло, Киево, Палермо, Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина.

Пиоли во кариерата како тренер има вкупно 631 меч, запишал 234 победи и 205 порази.

Сега Пиоли ќе биде дел од Милан, по втор пат ќе седи на клупата на клуб од Милано по Интер каде се задржа кратко, од ноември 2016 до мај 2017 година и забележа 14 победи, 10 порази и 3 нерешени средби, резултати кои му донесоа отказ.