Кристијано Роналдо добил одмор против Беневенто по лично барање, односно тој одлучува кога сака а кога не сака да игра за „Старата Дама“.

Ова го најавува „Кориере Дела Сера“ и апострофира дека капитенот на Португалија има договор со Пирло во однос на на енговиот избор да се најде или да не биде во почетниот состав на шампионот на Италија.

Роналдо веќе има проблем со комуникацијата со Пирло, но и покрај ова релацијата на однос меѓу тренер-играч не е професионално нарушена.

Роналдо сакал да го прескокне дуелот со Беневенто со образложение дека има лични причини за тоа а Пирло го прифатил тоа објаснување.