Кога играат Милан и Интер тогаш Милано запира, градското дерби се игра вечерва на „Сан Сиро“ од 20-45 часот.

Милан како домаќин ќе има свои навивачи на три четвртини од трибините, останатиот дел му припаѓа на Интер, обратно ќе биде кога ке играат во вториот дел оа шампионатот.

Прво дерби за Конте како тренер на Интер против Милан, иако изразит фаворит нема, сепак Интер е екипта која има предност во кладилниците пред поради трите победи во првите три кола.

Интер не беше убедлив против Славија Прага во Лигата на шампионите каде во Милано се спасуваше од пораз. Милан од друга страна има две победи во последните две кола во калчото против Верона и Бреша.

Милан последен пат во Серија А го побед Интер пред три години со 3-0, потоа Интер запиша три победи а исто толку пати одиграа нерешено.

Според составите и индивидуалниот квалитет Интер е во предност, но на вакви мечеви тоа ништо не значи, ќе биде супер интересно на „Сан Сиро“ вечерва од 20-45 часот, главен судија е Даниеле Довери.