Диего Симеоне го опиша како неверојатен, исклучително талентиран и играч со страшен капацитет. Младиот Жоао Феликс за кратко време прерасна во миленик меѓу навивачите на Атлетико Мадрид но и меѓу поискусните играчи во тимот.

„Тој е неверојатен фудбалер. Младо момче со 19 години со многу време пред него за фудбал и развој. Мислам дека може да се подобри во повеќе сегменти од фудбалската игра а парите кои ги платија за него само го потврдуваат потенцијалот кој го има. Сигурен сум дека наскоро ќе го демонстрира квалитет. Тој ќе биде еден од најдобрите во светот“ – изјави Коке, плејмејкерот на Атлетико Мадрид.

Жоао Феликс пристигна во Мадрид ова лето за рекордни 133 милиони долари од Бенфика а се очекува во новата сезона да биде стандарден во почетниот состав на Диего Симеоне.