Фудбалерите на лондонски Арсенал, Сеад Колашинац и Месут Озил се добро, откако двајцата беа нападнати од вооружани мажи со ножеви кои се обидоа да ги ограбат. Инцидентот се случил вчера во Лондон кога вооружените лица се обидоа да им го земат автомобилот.

На снимките на сигурносните камери се гледа како Колашинец излегува од автомобилот и голорак се спротиствува на напаѓачите кои држеле ножеви. Напаѓачите претходно ги паркирале своите мотори пред атомобилот. Озил побегнал со џипот во кој, според британските медиуми биле нивните сопруги. Тој заминал во блискиот ресторан откаде повикал полиција.

„Мислам дека сме добро“ – навел Колашинац на Твитер каде што објавил фотографија со Озил.