Капитенот на Евертон, Симус Колман го продолжи договорот со клубот.

Новиот договор е со важност до 2023 година, стои на веб -страницата на премиерлигашот од Ливерпул.

Дефанзивецот се приклучи на „карамелите“ во 2009 година за 60.000 фунти од Слиго  Роверс и одигра 350 натпревари за клубот од Мерсисајд.

Колман е и капитен на ирската репрезентација, за која забележа 59 настапи.