Два натпревари од јужноамериканските клупски натпреварувања, Копа Либертадорес и Судамерикана, кои се на распоредот оваа недела, властите во Богота ги забранија поради големиот број на заразени од Ковид-19.

Колумбиската престолнина прогласи вонредна состојба поради исклучително влошената здравствена состојба во градот,, што доведе до забрана на „спортски активности, вклучувајќи ги и професионалните фудбалски натпревари“.

Двата натпревари на кои се однесува забраната се мечот од Копа Либертадорес меѓу Санта Фе и Флуминенсе, закажан за в среда, и дуелот меѓу Еквидад и Арагуа во рамки на Судамерикана, што треба да се игра в четврток.