Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез, кој изминатите две сезона ги помина на позајмица во Баерн Минхен, летово се врати во матичниот клуб Реал Мадрид, но се чини дека таму нема да остане долго.

Според информациите до кои дојде шпанското радио „Кадена Сер“, следна дестинација на Родригез би можел да биде токму градскиот ривал на Реал, Атлетико Мадрид.

Родригез е расположен да го промени клубот, но не сака да го напушти Мадрид, па така се чини дека трансферот кај „јорганџиите“ би бил идеален за него.

Засега се е во почетна фаза, а за трансферот да се реализира, „Кадена Сер“ вели дека Атлетико најпрво ќе се обиде да ги продаде Анхел Кореа или Витоло.

Летово веќе се реализираше еден трансфер од „кралскиот клуб“ во Атлетико, откако за сума од 40 милиони евра, тимот кој го предводи Диего Симеоне го засили Маркос Љоренте.