Сиерд Де Вос, славниот холандски телевизиски коментатор, пред почетокот на мечот меѓу Бешикташ и Ајакс кој заврши 1:2 во Лигата на шампионите неверојатно го навредуваше Домагој Вида.

Вида е капитен на Бешикташ, па камерата го зумираше на центарот при разменувањето на знаменцата со капитенот на Ајакс Душан Тадиќ и поздравувањето со судиите.

Тогаш Де Вод, пред мечот кажа:

„Вида инаку не смее да игра во овој термин затоа што е премногу грд, а сега децата гледаат телевизија. Бешикташ поради тоа мораше да плати и да бара посебна дозвола за Вида да игра.“