Навивачката група на ФК Вардар, „Комити“ побараа брзо решавање на проблемите во клубот, подмирување на долговоите а со тоа и задржувањето на првото за настап во европските купови на УЕФА.

Тие со соопштние на официјалната фан група упатија неколку пораки кои можеби и ќе ги разбудат одговорните да преземат нешто во однос на кризата која го зафати анјтрофејниот фудбалски колектив од земјава.

„Играме на најубав и најмодерен стадион на Балканот !Тренираме на најубавиот и најмодерниот тренинг камп на Балканот !
Имаме најперспективни играчи и најлојални борци. Големи и квалитетни како луѓе, со срца планини ! Нив ги предводи докажан Вардарец и Македонист, Маршал Генералисимус по ранк…Имаме Црвено – Црна навивачка Армија, која мотивирана може да го наполни Запад до врв ! Имаме се што треба за да ја претставиме Македонија во Европа во најдобро светло ! Дајте ни да играме, за да славиме Титула ! Дајте ни да навиваме, за да се испразниме емотивно, но исполниме душевно ! Дајте ни Лиценца, да не види и чуе Европа ! За вас тоа е можеби малку и незначително, во реалноста тоа е нормално и задолжително, но за нас е воздухот кој го дишеме !“ – велат од навивачката група „Комити“.