Во пресрет на градското дерби меѓу Вардар и Работнички в сабота на арената „Тодор Проески“ во Скопје, трето коло во ПМФЛ, навивачката група „Комити“ им се обрати на играчите на Вардар  преку фејсбук.

Во соопштението на „Комити“ се бара од играчите да покажат храброст  и пожртвуваност за секоја топка, резултатите  не ни влијаат на присутноста но бараме да играте со срце за клубот.

„Имавме денови кога игравме и со младински состави, примавме по 9 голови, но на теренот видовме полетарци кои знаат што значи името Вардар, и која тежина е носењето на тој црвено-црн дрес, не сме им замериле, ги славевме и нашата песна не престана да грми 90 минути. Знаеме да цениме пожртвуваност, знаеме да препознаеме жар и желба да се надминеме самите себеси со екстра напор, трпеливи сме, но знаеме да казниме индолентност и непочитување, неодговорност и малодушност“ – стои во дел од пораката на Комити.