Навивачката група „Комити“ со соопштение во јавноста потврди дека акцијата „Купи билет за спас на Вардар“ е успешно спроведена.

Најавуваат дека собраните средства ќе бидат искористени за тоа што беа и наменети.

„Дојдовме до финалето на се она што ние но и заедно со вас го правевме. Повикуваме да се реализира ветеното и средствата собрани од акцијата Купи билет за спас на Вардар, да завршат кај оние кои најдирекно беа и се вклучени во нашата заедничка борба. Воедно ве информираме дека ги изработуваме Сертификатите како доказ за вашето активно учество. Вардар ќе живее се додека не има нас сплотени, затоа што тоа е наша единствена цел.Ви Благодариме затоа што сте со нас, и бидете така сеуште, затоа што конечната победа не е сеуште дојдена, и мора да се бориме за да дојдеме до неа.“ – велат Комити.