Вардар загуби минимално од Шкендија со 2-1 во Тетово, пораз кој стигна во добра игра на младиот тим на црвено-црните, реагираа Комити.

Најверните навивачи на Вардар, предупредија дека гневот се таложи, прашање на време е кога ќе „експлoдира“, клубот е бездомник, нема каде да тренира …

Вардарци се снаоѓаат каде да тренираат, Комити со акцијата инкасираа за клубот околу 50.000 евра, но гневни се дека тимот нема каде да тренира, се огласија на Фејсбук, реакцијата ја пренесуваме во целост.

Храбра игра, достоен пораз, ќе напредуваме со играта уште повеќе.

Браво момци 👏👏👏

Тука сме и во среда, каде доаѓаме без очекувања но со само една желба !

Останува гневот кој се таложи, и кој само е прашање на време кога ќе експлодира.

Гнев, затоа што она што за нас е свето, за некои е само објект за поткусурување.

Гнев, затоа што сме избркани од својот дом само затоа што немаме имотен лист, иако живееме таму повеќе од 70 години.

Гнев, затоа што сме заробени од себични и нафатирани олигарси, исфрустрирани до тој степен што ги фатило слепило, па не ги распознаваат боите на своите пулени.

Гнев затоа што никој не застанува позади Вардар кога е тешко, а се китат со успесите, и се редат како на филмска лента генерали после битка…

Е така нема да може !

Ова е филтер кој мора да го поминат сите, само вистинските ќе испливаат и ќе застанат цврсто на земја, и кога тлото под нас тоне, и кога го користат Вардар како оружје за битки кои немаат допирна точка со спортот и фудбалот.

Ние гледаме, помошта ја нема од онаму од каде треба да дојде, нели, од центарот за удирање по гради…а доаѓа од таму од каде не очекувавме…Тоа ќе биде запаметено и испочитувано !

#СрцевоМоеЗаТебе #СамоНапредВардаре