Популарните „Комити“ со ново соопштние до јавноста уште еднаш ги објаснија ставовите во однос на прашањето дали треба да биде прогласен шампион во ПМФЛ во оваа сезона која и официјално е поништена.

Ова е пораката на „Комити Скопје“:

„Ваква страст, хемија и взаемно почитување помеѓу сите делови од семејството Вардар, немало оддамна. Затоа резултатот е тој што е, Ние сме Прваци на Македонија со 11 бодови предност пред ривалот за титулата ! Прашањето кое виси и кое ни создава тензија е дали тоа што е очигледно според многумина чие мислење е релевантно, го препознаваат и во ФФМ? Едно е сигурно, секоја друга одлика освен Признание и доделување на титулата, која е заслужена на теренот и чиста, ќе значи необјективност, навлегување во други моменти кои немаат допирна точка со спортот, и дирекна провокација кон цело Црвено-Црно семејство ! Веруваме во објективноста, и дека ќе преовлада се она што го прави спортот привлечен и волшебен. Но истовремено, да се разбереме, Расизам и шовинизам нема да толерираме !“ – велат од Комити Скопје.