Навивачката групата на ФК Вардар, „Комити Скопје“ побара од властите пристап до Арената „Тодор Проески“ и до Академијата на Вардар со цел локација за достојна прослава на 33 роденден од формирањето на фан групата.

Тие се огласија на Фејсбук и побараа разбирање:

Сакавме да го одбележиме нашиот роденден како што доликува… За тоа пред се ги информиравме надлежните органи, да го отворат Градскиот стадион и Академијата Вардар, а ние почитувајќи ги мерките за здравствена заштита и превенција на ширење на вирусот, да ја оствариме својата замисла, водена пред се од љубов и почит.

Ситуацијата со вирусот ескалираше и повторно се воведе полициски час, поради неодговорноста на една група луѓе кои веруваа дека се имуни на вирусот но и на законите, па го откажавме одбележувањето на сопствениот роденден.
Во меѓувреме се случи и ударот (во најава) од страна на ФФМ.
Па се прашуваме, дали ние кои почитуваме позитивни законски норми, и се однесуваме одговорно со цел да не наштетиме никому, ниту да загрозиме туѓи судбини, и се ставаме во служба на народот дарувајќи дел од себе да помогнеме неселективно, заслужуваме ваков третман?
Дали заслужуваме да бидеме двојно казнети, дали заслужуваме да ни ја одземат радоста за која едни млади момци изгинаа, и покажаа дека можеме да победиме и кога шансите се речиси никакви?
Не заслужуваме.

Го повикуваме цело семејство Вардар, да се мобилизира и заедно да бидеме во тешки моменти кои можеби претстојат.
Не-доделување на титулата на Вардар би била груба повреда на вистинските вредности над кои се темели спортот. А евентуалното носење одлуки поради лични анимозитети, себе-промоции или некои други побуди ќе ве стави во историјата како одговорни за кражба на сонот на едни млади фудбалери, потенцијални врвни мајстори и идни репрезентативци, кои иако припаѓаат на различни етникуми, дишат како еден, за себе, за Вардар и за Македонија ! Не ни го крадете спортскиот успех кој го заслуживме, затоа што ние се сплотивме, во името на спортот да покажеме дека кога се има силна верба се е возможно.

Во вакви моменти кај некој(и) од играчите може да прекрши, и да престане да верува дека за да оствариш спортски успех е доволно да си упорен и да веруваш во себе и другарите…не, може и се да направиш ама да ти биде одземено на маса поради тоа што името на клубот ти е Вардар, и можеби ќе паднеш на искушението, ќе постапиш не согласно разумот, логиката и спортот.

Дајте ни титула, и дајте една друга димензија во спортот. Спорт ослободен од секојдневието, спорт затоа што кога ќе победиш на терен тоа ќе ти биде признаено.

Ја заслуживме 12-та титула !