Венсан Компани може да се врати по само една година во тимот на Манчсетер Сити, клуб во кој ги мина најдобрите денови од својата играчка кариера. Белгиецот во Сити треба да има сега улога на тренер.

Компани беше 11.години во тимот на „Граѓаните“ во кои ја носеше и капитенската трака. Дефанзивецот го напушти Сити по истекот на договорот, а беше замислено да биде тренер играч во Андерлехт, но оваа епизода заврши неславно, откако белгискиот гигант заврши на осмата позиција на табелата.

Таа соработка нема да продолжи и Компани треба да се врати во Сити, а како план Б е Арсенал, чиј менаџер е Микел Артета со кого имаат одличен однос од времето во Сити.