Поранешниот капитен на Манчестер Сити, Винсент Копмани во изјава за „Метро“ посочил дека Вирџил Ван Дијк е најдбориот дефанзивец во историјата на Премиер лигата. Со ова легендатата на „Граѓаните“ го навлече гневот на островските навивачи кои јавно дебатираат по оваа изјава на Компани.

Дефанзивци од рангот на Џон Тери, Рио Фердинанд, Немања Видиќ и Сол Кембел се најчесто споменуваните во дебатата за тоа кој е најдобриот кој играл во Премиер лигата во поново време.

Компани верува дека Ван Дијк покажал дека е најдобриот по само една сезона помината во Ливерпул со освојувањето на титулата во ЛШ.

„Тој прави голема разлика во тимот, се е во комуникацијата. Ливепрул со и без Ван Дијк е сосема различна екипа. Тој е најдобирот во историјата на Премиер лигата, Ван Дијк во следните сезони само ќе напредува.“ – изјави Компани.

Ван Дијк пристигна во Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон за 75 милиони фунти транфер оштета.