Шпанската компанија “Aguilena de Inversiones SA” во сопственост на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е казнати со 250.000 евра поради нелегално сечење на дрва.
Фирмата која се занимава со недвижности исекла најмалку 60 стебла, стари над 100 години, поради што судот во Мадрид и наложил на компанијата на градските власти да им дадат на располагање дрва за садење.
Потегот на компанијата на Рамос е сериозно прекршување на законот за заштита и унапредување на Мадрид и токму затоа истата е санкционирана.
Постапката била покрената во јануари откако биле исечени меѓу 60 и 90 дрва, бор, топола, маслинки и даб.
Be the first to write a comment.