На денешниот состанок меѓу ФФМ и екипите од Првата и Втората фудбалска лига беше одлучено комплетно доигрување на сезоната нема да има.

Сите тимови од Првата лига едногласно се сложиле околу ова одлука, а конечниот исход за тоа дали ќе продолжи сезоната ќе се знае следната седмица кога ќе биде одржан нов состанок.

Македонската Прва лига треба да заврши до 20 јули, а уште од поодамна е јасно дека не може да се доиграат 13-те преостанати кола како и двете полуфиналиња и финалето во Купот на Македонија. Најголем проблем во овој момент е тоа што се уште нема здраствен протокол од властите во земјава.