Францускиот селектор Дидие Дешамп до следниот вторник ќе го објави првичниот список на играчи кои ќе ги води на Европското првенство, а според неговите зборови не треба да се очекуваат изненадувања. Меѓу изненадувањата би влегувал Карим Бензема, но и играчи на кој досега не ослонувал. За него и таквите нема да има место во редот на актуелниот светски првак, потврди селекторот.

„Јас не сум Дедо Мраз и не сум овде да најавувам изненадувања. Го дотерувам списокот. Постојат некои играчи кои се уште се опоравуваат како Корентин Толисо, и немам потребни информации за нивната состојбата. Списокот играчи ќе го објавам во вторник, но бидејќи и по тој датум се играат натпревари морам да се надевам дека се ќе биде во ред, затоа што за жач не можеме да го избегнеме неочекуваното. Единствениот список кој ќе биде конечен е оној што ќе го пратиме во УЕФА до први јуни на полноќ “- вели Дешамп.

Бензема последниот натпревар за француската репрезентација го одигра во 2015-та година, од репрезентацијата е исфрлен поради аферата со уценувањето на Метју Валбуена. Се работи за случај стар шест години во кој напаѓачот на Реал Мадрид, се сомничи дека бил дел од група која од Валбуена барала 150.000 евра за во јавност да не се пуштаат снимки од негов сексуален однос со непозната личност.

Поради тоа во окотмври ќе мора пред суд. Ако биде прогласен за виновен, Бензема би може во затвор и до пет години. Инаку, во дресот на Реал оваа сезона има 28 голови и осум асистенции.