Менаџерот на Милан, Пиоли по поразот од Порто донел одлука дека време е Златан Ибрахимовиќ да се најде во почетниот состав.

Ветеранот се опорави од повредата и може по пет месеци пауза да се најде во почетните 11, пренесува „Газета Дело Спорт“.

Швеѓанецот последен пат беше во почетниот тим на Милан во дербото со Јувентус на 5 мај минатата сезона.

Милан утре ќе се соочи со Болоња во Серија А, каде по осум кола има скор од седум победи и едно реми доволни за второто место зад Наполи.