Карим Бензема ќе одмори малку, а Лука Јовиќ конечно можеби вечерва ќе ја дочека шансата што долго време ја чека.

Шпанските медиуми пишуваат дека неколку фудбалери ќе добијат одмор на мечот против Осасуна, а меѓу нив и најдобриот играч во моментов.

Карим Бензема би требало да остане на клупата, а шанса во првиот состав ќе добие Србинот, кој треба да го покаже својот квалитет.

Интересно е тоа што Јовиќ досега постигна два гола во исто толку сезони во Мадрид, а еден од головите го даде токму против Осасуна.

Бензема од можни 1.080 минути на теренот, ги одигра сите, па сега Французинот ќе мора малку да одмори.