Долго се чекаше на моментот кога би се одиграл фудбалски меч пред полни трибини, а после година дена пауза , денес од Израел доаѓаат информации дека ќе има максимален број на гледачи на фудбалскиот натпревар помеѓу Макаби Тел Авив и Макаби Хаифа на стадионот „Блумфилд“.

Имено, состојбата со коронавирусот во оваа земја е нормализирана, па донесена е одлука навивачите да бидат вратени на трибините.

Ова значи дека во дербито на колото во израелскиот шампионат (недела, 19.30 часот) на стадионот „Блумфилд“ ќе биде дозволен целосниот капацитет на стадионот, односно присуствуваат 30.000 луѓе.

Ова исто така ќе биде прв фудбалски натпревар од почетокот на пандемијата на кој публиката ќе може да присуствува во максимален број, без ограничувања на капацитетот.