Големата ѕвезда на ПСЖ, Серхио Рамос од денеска почна со целосни тренинзи со првиот тим на парижаните, што значи дека повредата сега е зад него, јавува Ле Призиен.

Според францускиот весник, 35-годишниот фудбалер целосно закрепна од повредата и ќе учествува на денешниот тренинг на ПСЖ.

Рамос би требало да дебитира на натпреварот од 12. коло од Лига 1 против Лил. Натпреварот ПСЖ – Лил ќе се одигра на 29 октомври.

Шпанецот се приклучи на парискиот тим во летниот трансфер период како слободен агент. Претходно играчот играше за Реал Мадрид. Откако дојде во парискиот клуб, Рамос ниту еднаш не се појавил на теренот на официјални натпревари.