Барселона конечно доби малку добри вести во една од најлошите години во клупската историја, која е кулминира со заминување на Лионел Меси во ПСЖ.

По речиси 10месеци отсуство поради повреда на колената наскоро на фудбалот ќе му се врати Ансу Фати, откритието на Барселона во пандемиската ера и предводник на нејзината нова генерација таленти.

Минатата година по 18-от роденден, тој се повреди и мораше на операција поради која пропушти 47 натпревари.

Како што објавува ЕСпорт3 Фати ќе пропушти уште два меча против Гранада и Кадиз, а би требало да биде подготвен за мечот со Леванте.