Првите луѓе на Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ денес соопштија дека тврдењата на аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси, се неприфатливи и неосновани.

„Основата на фер-плејот е да го прифатите резултатот со почитување. Неприфатливо е поради инциденти типични за натпреварувањето во кое учествуваа 12 екипи под еднакви услови, да се покренуваат неосновани обвинувања кои го доведуваат во прашања интегритетот на Копа Америка. Тие обвинувања претставуваат недостаток на почитување кон натпреварување, играчите кои учествуваат и стотина професионалци во КОНМЕБОЛ.“ – се наведува во соопштението.

Обвинувањата на Меси може да ги прочитате ТУКА.