Португалскиот весник „ А Бола“ објави ексклузивно дека тренерот на Порто Серхио Консеинсао е најсериозниот кандидат да го замени Антонио Конте на клупата на Интер.

Според истиот извор, името на стратегот на актуелниот португалски првак котира највисоко на листата кандидати за наследник на Конте која ја подготвил спортскиот директор на Интер Џузепе Мората.

Консеинсаo е под договор со Порто и за негова преселба во Италија Интер ќе треба да плати отштета од 20 милиони евра.

Консеинсао како играч беше дел од Интер од 2001 до 2003 година.