Босанскиот фудбалски клуб Вележ го потврди ангажманот на Константин Чешмеџиев како ново летно засилување.

Централниот дефанзивец потпиша двогодишен договор со Вележ откако ги помина медицинските прегледи.

„За овој клуб знам од татко ми дедо ми, тие велат дека бил сериозен клуб во поранешна Југославија, тој е клуб со голема традиција кој има добри навивачи. Целта на овој клуб е висока, пласман во Европа и се надевам дека заедно ќе успееме во тоа.“ – изјави Чешмеџиев.