Српските медиуми тврдат дека Антонио Конте има буџет од 80 милиони евра за ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ доаѓа во редовите на Интер ова лето.

Милинковиќ – Савиќ веќе подолго време се шпекулира дека ќе го напушти Лацио, сега најавите велат дека клубот од Рим е подготвен да го ослободи репрезентативецот на Србија за 80 милиони.

„Il Meseđero“ прв објави дека Конте ќе добие скапоцен „подарок“ од газдите на Интер, сума со која ќе го донесе Милинковиќ-Савиќ.

Интер добива свеж капитал од спонзорски договор тежок 250 милиони евра, дел од овие пари ќе се насочат кон Србинот кој според „Il Meseđero“ е приоритет на Конте во преодниот рок.