Серија А  е се уште во прекин, се бараат начини да продолжи сезоната, клубовите во Италија добија дозвола од Владата за колективен тренинг, сега се чека одлука за прдолжување на системот на натпревари.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека фудбал нема да се игра се додека медицинскиот протокол не биде надграден и прифатен од сите клубови.

„Клубовите од утре можат на колективен тренинг, но за натпревари ќе мора да го прифатат медицинскиот протокол, тој треба да се доработи и прифати, мораме да ги имаме сите гаранции за да дозволиме сезоната да продолжи“ – изјави Премиерот на Италија, Конте.

Италија од 15 јуни ги отвара театрите и кината, постепено го враќа животот во нормала, се надеваат дека и фудбалот ќе добие дозвола за продолжвање на сезоната.