Интер ја победи Аталанта со 2-0 и го обезбеди 2 место на табелата во калчо лигата, со оглед на резултатите сезонава кои беа променливи, се чини успех за клубот од Милано.

Тренерот Антонио Конте во изјава по мечот со екипата од Бергамо смета дека клубот не ја препознал неговата работа.

„Секоја чест на играчите, напредувавме, но мораме да бидеме паметни и да не славиме бидејќи разликата помеѓу нас и Јувентус е огромна. Лично не сум задоволен. Мислам дека мојата работа не ја препозна раководството како ни работата на фудбалерите, не сме заштитени од клубот. Мораме да разговараме за тоа, морам да се видам со претседателот кој се наоѓа во Кина“ – изјави Конте.