Антонио Конте по 11 години му донесе титула на Интер, сезоната беше неуспешна во Лигата на шампионите, но освоеното скудето ги затвори сите „рани“ од минатото.

Сепак според последните информации од Италија, Антонио Конте по завршувањето на сезоната би можел да го напушти Интер, ова по состанокот со газдите од Кина.

Семејството Жанг кое управува со клубот, на последниот состанок побарал намалување на платите, економично однесување со оглед на кризата поради пандемијата од Ковид-19.

Ова не му се допаднало на Конте, тој бара нови засилувања, Интер ќе добие 250 милиони евра свеж капитал од новиот спонзорски договор, тоа не му се допаднало на Жанг.