Антонио Конте потврди дека играчот од одбраната  на Тотнем,  Кристијан Ромеро нема да игра до крајот на годината.

Ромеро има повреда која е сериозна и поради која ќе отсуствува најмалку 4 до 5 недели. Тој има повреда на задната ложа, потврди тренерот на Тотенхем.

„ Повредата е од такава природа што ќе го немаме  до средината на јануари, можеби и подолго.Потребен е подолг период за санирање на повредата“ – изјави Конте.