Со победата над Лацио од 1-0 на „Џузепе Меаца“ екипата на Интер ја запиша петата победа во првенството од исто толку натпревари.

Антонио Конте е нов тренер кај Интер, со овој резултат стана првиот  во долгата историја на клубот кој има ваков почеток на сезоната, пет од пет немал ниту еден тренер претходно.

Конте ја смени играта на Интер, екипата постигна 10 голови, прими само еден, на „Џузепе Меаца“ сезонава е без примен гол.