Интер беше доминантен на средбата со Шахтјор, но не ги освои сите три бода, средбата во Украина заврши без голови.

Антонио Конте смета дека има позитивни аспекти од овој натпревар иако не е исполнета примарната цел, три бода од овој дуел.

„Игравме со вистински инстензитет, доминиравме, создававме шанси, но не успеавме да постигнеме гол, има позитивни аспекти од оваа средба, игравме добро и во првото и во второто полувреме“ – истакна Антонио Конте.