Антонио Конте во пресрет на средбата со Борусија Менхенгладбах изјави дека Интер напредува, средбата со Борусија е решавачка за екипата во Лигата на шампионите.

Интер напредува според тренерот Конте, вечерва на натпреварот во Менхегладбах најави дека екипата е дојдена по победа.

„Многу негативни коментари слушнав по мечот со Реал, треба да се има во предвид дека ние игравме со 10 играчи. Борусија е квалитетен тим, играат одлично во Лигата на шампионите, но ние ќе излеземе на теренот за да запишеме победа, ќе направиме се да дојдеме до триумф“ – изјави Конте.

Интер е во тешка позиција на табелата, има само 2 бода на последното место, Борусија е лидер со 8, следуваат Реал Мадрид со 7 и Шахтјор со 4 бода.