Европа одбројува, Барселона го пречекува Интер кој никогаш не го победил на „Камп Ноу“, Конте се надева дека добрата форма на екипата е гаранција за добар резултат.

Антонио Конте донесе резултати, Интер максимален во калчо лигата, Барселона не е во своите најдбобри денови. Тренерот на екипата од Милано најавува отворена игра.

„Интер нема да се брани, јасно е дека не очекува тежок натпревар, Барселона со Меси или без него е квалитетна екипа. Ние ќе играме отворено, знаеме како игра Барселона со Меси но и без него“ – изјави Конте.

Последните информации од Шпанија сугерираат дека Меси натпреварот ќе го започне од клупата за резервни играчи.

Средбата, Барселона -Интер, започнува од 21 часот.