Лидерот во Серија А, Интер утре против Џенова атакува на петата победа во низа на натпревар на кој во тимот на Конте ќе недостигаат само Сенси и Хакими.

Предводникот на Интер, испрати порака до неговите ривали и противници и најави дека трката за титулата во Италија продолжува.

„Направивме големи промени во однос на системот на игра. Интер сега игра агресивен и офанзивен фудбал, можеби за некој од нашите противници не е среќен за тоа но во секој случај јас сум.  Интер е најголемиот предизвик во досегашната моја кариера. Секогаш им велам на моите играчи дека сум песимист кога напаѓаме, но тие ми го докажуваат спортивното. Што се однесува до Италија, никогаш нема да ја затворам вратата за можноста да ја предводам репрезентацијата.“ – вели Конте.