Интер загуби на „Џузепе Меаца“ од Јувентус со 2-1, поразот го потсети  тимот од Милано дека во моментов не е на исто ниво како „старата дама“.

Шампионот на Италија делуваше посигурно , тактички одигра подобро и заслужено стигна до победата, тренерот на Интер, Антонио Конте го призна поразот.

„Јувентус игра на повисоко ниво од нашето, нам ни претстои многу работа за да ги стигнеме, се обидвоме на мечот со сета сила да ги притиснеме, сепак не успеавме во тоа, јас сум задоволен од прикажаното на моите играчи“  –изјави Конте по големото дерби.